Кој е најбрзиот Ф1 возач на сите времиња?
Конечно го добивме одговорот на ова прашање. Имено, Формула 1, заедно со Амазон Машин Лернинг Солушнс Лаб, повеќе од една година работеше на усовршување на алгоритмот за определување на најбрзиот Ф1 возач на сите времиња.
Во пресметките беа земени сите параметри што ги одликувале возачите од 1983 наваму. Единствено што изостанува е менаџирањето на гумите и секако, неочекуваните случки што можат да се случат на секоја трка.
Така, според сите пресметувања, се добиени најбрзите дваесет пилоти. Распоредот изгледа вака:
1. Ајртон Сена
2. Михаел Шумахер (+0,114 секунди)
3. Луис Хамилтон (+0,275)
4. Макс Ферстапен (+0,280)
5. Фернандо Алонсо (+0,309)
6. Нико Розберг (+0,374)
7. Шарл Леклер (+0,376)
8. Хеики Ковалаинен (+0,378)
9. Јарно Трули (+0,409)
10. Себастијан Фетел (+0,435)
11. Рубенс Баричело (+0,445)
12. Нико Хулкенберг (+0,456)
13. Валтери Ботас (+0,457)
14. Карлос Саинц (+0,457)
15. Ландо Норис (+0,459)
16. Даниел Рикијардо (+0,461)
17. Џенсон Батон (+0,462)
18. Роберт Кубица (+0,463)
19. Џанкарло Физикела (+0,469)
20. Алан Прост (+0,514)



