На митингот од ,,Континентал Тур Голд” одржан во Токио, на трката на 1500 метри во женска категорија, Јапонката Нозоми Танака дојде до победата и притоа постави нов национален рекорд на оваа дисциплина со време од 4:05,27.
Танака успеа да го сруши претходниот рекорд на Јурико Кобајаши од 4:07,86 поставен на 24 септември 2006 во Јокохама.



