Градското МЛБ дерби на Чикаго, одиграно помеѓу Кабс и Вајт Сокс, заврши со убедлив резултат. Имено, Вајт Сокс победија со 1-10 и ја остварија својата шеста последователна победа. За Кабс, ова беше втор пораз во последните три меча и воедно втор врзан лигашки пораз од градскиот ривал.
Победниците постигнаа дури шест хоум-рани и тоа: Хозе Абреу (х2), Луис Роберт, Елои Хименез, Јасмани Грандал и Дени Мендик.
Кабс, со учинок од 16-9, се први во Централната дивизија на Националната лига, додека Вајт Сокс, со 16-11, се трети во Централната дивизија на Американската лига.



