По една година мината во Француската Лига 1, односно во дресот на Ним, Влатко Стојановски ќе има нов предизвик во својата кариера.
Македонскиот репрезентативец од денес се сели во второлигашот Шамбли. Младиот напаѓач, кој минатото лето додје во Ним од Ренова, во новиот клуб ќе игра како позајмен фудбалер на Ним.
Позајмицата ја потврди и екипата на Шамбли, а со истата клубот нема право на целосен откуп, што значи дека нашиот фудбалер по крајот на сезоната ќе се врати во Ним.
Стојановски во минатата сезона во Франција каде не се доигра првенството поради корона-кризата имаше споредна улога во редовите на Ним. Настапи на само шест натпревари во Лига 1, а во листата на стрелците се запиша само во Куп натпреварите против Ленс и Сент-Етјјен.



