Довчерашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, младиот Анхел Гомес, денеска и официјално е претставен за нов играч на француски Лил. Гомес со Лил потпиша петгодишен договор, но првата од петте сезони ќе ја помине на позајмица во португалска Боависта.
20-годишниот Гомес беше дел од академијата на Манчестер Јунајтед, помина низ сите младински категории,а своето деби во првиот тим го имаше на крајот на сезоната 2016/17, кога влезе во игра на местото на Вејн Руни и со тоа остана запаметен како прв играч роден во 2000. година што настапил за првиот тим. Во изминатите три сезони запиша само уште девет настапи, а три пати беше стартер.



