вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

(Фото) СРАМ! Зоран Михајлов не го пуштиле на Градски после 56 години работен стаж

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
август 9, 2020
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Прославениот и легендарен спортски новинар во Македoнија, Зоран Михајлов на вчерашниот првенствен натпревaр од прво коло од Прва МФЛ останал пред портите од Градскиот стадион поради некој си протокол во кој што на празен стадион без публика биле дозволени само 6 присутни новинари меѓу нив не и Зоран Михајлов.

Не помогнале ниту убедувањата, ниту работниот стаж долг 56 години, ниту пак акридетациите од светско ниво, а на крај неуспешно завршиле убедувањата на спортскиот директор на Вардар Мирко Спасески и тренерот на Фк Борец, Горазд Михајлов со делегатот Зердевски од Кичево.

Во целост ви го пренесуваме соопштението на Михајлов за целата настаната ситуација:

НЕПОЧИТУВАЊЕ И ПОНИЖИУВАЊЕ

,,И тоа ми се случи.По повеќе од 56 години работа како спортски новинар, вчера вратата на Градскиот стадион во Скопје за да го следам и известувам од мечот меѓу Вардар и Борец, од првото коло на ПМФЛ, за мене беше затворена!Објаснувањето на вратарот беше дека не сум во списокот според протоколот. Бев изненаден, почнав да му објаснувам кој сум и што сум, иако ме познаваше,но ништо не помогна. Не помогна ниту легитимацијата од АИПС (Светската асоцијација на спортски новинари) со која сум влегувал дури и на дерби натпреварот Милан-Интер и Барса-Реал, но овде за вратарот таа не значеше ништо, иако таа легитимација има вредност дури и на пасош. Ова го велам од искуство, зашто иако немав виза-со АИПС легитимацијата ми беше дозволен влез во Ница во Франција, за потоада продолжам за Монако и да го следам мечот меѓу Монако и АЕК, за кој настапуваше нашиот Тони Савевски. Ете, толку е вредна и силна таа легитимација, која овде за нашите малограѓански сфаќања изгледа пет пари не вреди. Исто така не помогна и втората легитимација, онаа од ФФМ со која можам да влегувам на сите фудбалски натпревари на територијата на нашата државца. Значи, пропусниците не ми помогнаа. За прв пат во 56-годишната кариера беспомошен стоев пред Градски, зашто не сум човек според протоколот. Си реков, ајде сега да одам на втората варијанта. Му се јавив на мојот добар пријател- претседателот на Вардар Мирко Спасески, кој сум го следел, коменткирал и пишувал за него уште кога беше активен фудбалер. Се обиде да ми помогне објаснувајќи му на делегатот господинот од Кичево Зердевски, за која личност се работи. Но, од него не доби амин за мојот влез во стадионот. Исто така не помогна и интервенцијата на тренерот на Борец син ми Горазд, кој заедно со Спасески го убедувале Зерде дека не е коректно да не влезам во празниот стадион. Не знам одговорот бил дека не сум меѓу оние 6 новинари, кои според протоколот (не знам кој го измислил тоа) можеле да бидат присутни на стадионот! Замислете нема гледачи, а има и ограничен број известувачи, кои ако евентуално нема тв пренос, би ја пренеле атмосферата и играта за да бидат задоволени фудбалските љубители. Па, на крајот од краиштата,се прашувам – која е работата на делагатот? За да го оправда хонорарот кој повеќе од 30 години го добива како делегат треба да решава и вакви ситуации. Инаку, ионака стадионот е празен, без публика, кога нема никакви провокации од трибините и неговиот тефтер останува празен. Тоа што го прави тој, да ги проверува книшките на фудбалерите може во вакви услови на пандемија и штедење да го прави на пример 4-тиот судија. И јавувањето на портпаролот на ФФМ директно кај вратарот да му објасни за кого се работи и дека треба да ми дозволи да влезам, беше бескорисно. По сето ова што можев да сторам, освен да се вратам дома и на тв да го следам натпреварот. Но, револтот тлееше кај мене, најмногу од непочитта кон еден од последните живи спортски новинари, кој дел од животот го минал токму на Градски. Зерде заборавил дека бев и генерален секретар на ФК Вардар од 1981 до 1984 година,кога се создаваше онаа шампионска Вардарова генерација. Тој се држаше, ајде да не сум вулгарен и да кажам друг збор за – протоколот. Иако бев „наоружан“ со сите потребни влезници, маска, ракавици, ако требаше и маратонките ќе ги дезинфицирам, зашто носев и шишенце со алкохол, сепак останав зачуден и немо гледав кон едниот гол, каде се загреваа голманите, можеби за последен пат во животот, зашто по ова понижување што го доживеавптред себе се заколнав оти на фудбал повеќе нема да одам. Мојата кариера како спортски новинар не завршуива, но како фудбалски новинар и гледач е завршена. Дури нема да згазнам на трибините, кога за жал – ќе игра и македонската репрезентација. Со фудбалот со кој сум од мали нозе и се сеќавам дури и на оној меч меѓу Југославија и Израел, и голот со глава на Милош Милутиновиќ, конечно раскрстувам. Она што ми се случи вчера за мене беше понижувачко. Замислете, ако пред вратата дојдеше легендарниот Дарко Панчев и вратарот му речеше „не можеш да влезеш, не си во протоколот“!? Е, ова може да се случи само кај нас, земја во која не се почитуваат легендите. Затоа, сум јас тука, па наскоро очекувајте ја монографијата што ја напишав токму за кариерата и животот на Панчев. За фудбалот, верувајте, тоа ќе биде мојата последна сторија”.

Share149Tweet
Претходна вест

Вардар добива екстра засилување на голманската позиција

Следна вест

Репрезентативец на Молдавија засилување за Младост Богданци

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Репрезентативец на Молдавија засилување за Младост Богданци

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.