Огнен Здравковски сними нова песна која се вика „Љуби ме“. Песната е дело на Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша најдобриот текстописец во нашата земја, Магдалена Ена Цветковска.

За новата песна, Огнен сними видеоспот во Струга во кој покрај него се појавува и прекрасната Мартина Симоновска, а пак режисер на истиот е Гордан Божиновски.



