Во првиот синоќешен 1/16-финален натпревар силите ги одмерија Минесота Вајлд и Ванкувер Кенакс. Канадскиот тим дојде до предност од 2-1 во вкупната серија, откако синоќа, со 0-3, славеше над Минесота.
Имено, по првата третина, резултатот изнесуваше 0-0, а Кенакс стекнаа предност во втората половина на вториот дел, откако Брок Бесер го надмудри голманот Алекс Сталок. Во третата третина, Кенакс забија уште два погодоци и тоа преку Антоан Русел и Елијас Петерсон. За Петерсон, ова беше прв плејоф погодок во својата НХЛ кариера, додека голманот на Ванкувер, Јакоб Маркстром, стана само четвртиот голман во историјата на оваа франшиза што не примил гол на плејоф натпревар. Останатите тројца се: Кирк МекЛин, Роберто Луонго и Ричард Бродер. Исто така, Квин Хјуз асистираше при сите три погодоци со што стана првиот дефанзивец со три поени на еден плејоф натпревар уште од 2010 кога тоа му успеа на Пи Кеј Субан во третиот полуфинален меч помеѓу неговиот тим, Монтреал Канадиенс и Филаделфија Флаерс. Уште еден плејоф рекорд на Кенакс постави и Тајлер Мот, кој блокираше дури седум удари.



