Четвртиот последователен меѓусебен дуел помеѓу Кливленд Индијанс и Синсинати Редс беше одигран синоќа, а го доби Кливленд со убедлив резултат од 13-0.
Пресудниот елемент за победата на Индијанс беше седмиот ининг во којшто постигнаа дури десет поени за целосно да го декласираат својот противник по третпат во низа.
Хозе Рамирез беше клучниот играч на Кливленд на овој меч. Имено, Доминиканецот ги постигна единствените два хоум-рани на натпреварот, а имаше придонес при вкупно четири поени.
Кливленд, со оваа победа, се искачи на второто место во Централната дивизија на Американската лига со учинок од 8-6 и две победи заостаток во однос на првопласираните Тампа Беј Рејс. Од друга страна, Синсинати ја зазема четвртата позиција во Централната дивизија на Националната лига со пет победи и осум порази.



