Еурофарм Пелистер го објави составот за наредната сезона 2020/21.

Во составот на Жељко Бабиќ се најдоа дури 5 ракометари од Струга најракометниот град во Македонија. Покрај Гоце Ојлески, Никола Маркоски и Милорад Кукоски кој беа членови на тимот и минатата сезона, оваа година струшката колонија ја зголемија репрезентативците Марио Танкоски и Ненад Костески.

Според најавите на тренерот Бабиќ ако се оди според планот догодина или можеби уште оваа сезона во првиот тим ќе биде прекомандуван и струшкото лево крило Цветан Кузманоски кој игра за Еурофарм Пелистер 2. Па со тоа бројот на стружани уште повеќе да се зголеми. Пофалба за Струга и струшките ракометни работници.



