Детроит Тигерс е екипата којашто во досегашниот почетен дел од новата МЛБ сезона важи за едно од најпријатните изненадувања. Имено, „Тигрите“ синоќа ја запишаа и својата петта победа, воедно нанесувајќи им го петтиот пораз во последните шест натпревари на Синсинати Редс.
Екипата од Мичиген, на домашниот „Комерика Парк“, беше подобра со резултат од 7-2.
На овој меч не беше постигнат ниту еден хоум-ран, а Тигерс ги постигнаа своите поени во третиот, петтиот, седмиот и осмиот ининг. Синсинати успеаја единствено да забележат два поени во петтиот ининг што во тој момент им носеа водство од 1-2.



