Миралем Пјаниќ успешно ги завршил лекарските прегледи и само се чека официјална потврда и реализација на трансферот од Јувентус во Барселона, а во спротивен правец бразилецот Артур од Барса ќе потпише за Јувентус и со тоа ќе се случи трампа помеѓу двата клуба. Фудбалерите ќе ја доиграат сезоната во сегашните клубови пред да преминат во новите средини.



