Во Струга се раѓа нова фудбалска приказна, во која што фудбалот добива нови можности и перспективи. По доизградбата и реновирањето на новото игралиште во градот, под раководство на спортскиот работник и тренер на ЖФК Ас Струга, Астрит Мерко паралелно со водењето на женскиот клуб со група на професори ќе оформи фудбалска школа за машки фудбалери.

Стратегијата и планот за работа е под менторство на Мерко кој што со успешното водење на У-19 националниот тим на Македонија во женска конкуренција може со своето знаење и искуство да помогне Струга да добие за неколку години екстра талентирани фудбалери.
Во стручниот штаб освен Астрит Мерко фудбалската школа ја сочинуваат уште: Лорета Далипи, Благоја Бајчески, Арслан Мена, Рилинд Ибраими, Антонио Блажески и Ардијан Мерко сите овие се професори по физичко образование. Во среда на ден 01.07.2020 година ќе се одржи пригоден коктел во чест на новиот проект.




