Шкендија денес официјално потврди дека потпиша професионален договор со младиот талент Дашмир Елези.
Ова е знак дека тетовчани мислат на својата школа и иднината на клубот. 16-годишникот е член на младите репрезентации на Македонија и игра на позицијата напаѓач.

Елези стави потпис на договор во должина од три и пол години, што значи дека ќе биде дел од „црвено-црните“ до 2024 година.
„Секое дете во Тетово сонува дека еден ден ќе игра за првиот тим на Шкендија и многу сум среќен што ми е дадена можноста да ја постигнам оваа цел. Овој договор ме мотивира да дадам сè од себе, за да ја оправдам довербата на претседателството. Сега имам многу работа да направам за да добијам шанса во составот и да покажам дека заслужувам да бидам дел од првиот тим на Шкендија“, изјави младиот фудбалер.
Елези во младинските категории на Шкендија има постигнато над 150 гола, што е доказ за неговите голгетерски квалитети.



