Брентфорд и ВБА го отворија новото 39. коло од англискиот Чемпионшип. На својот „Грифин Парк“, Брентфорд успеа да слави со 1-0 благодарение на голот на Оли Воткинс во шеснаесеттата минута. За Воткинс, ова беше вкупно 23. погодок сезонава со којшто се израмни на првата позиција на листата на стрелците со шпицот на Фулам – Александар Митровиќ.
ВБА веќе четири последователни лигашки натпревари нема постигнато погодок со што се комплицира нивниот навидум сигурен директен пласман во Премиер лигата за наредната сезона. Во овој момент, ВБА е првопласиран, но со само пет поени предност во однос на Брентфорд кој се наоѓа на третото место. На второто место, со ист број на поени како ВБА, е Лидс, кој денес го игра дербито на колото против четвртопласираниот Фулам.



