Сиднеј Свонс и Вестерн Булгодс го отворија четвртото коло од тековната АФЛ сезона. Имено, овој натпревар е реприза на финалето од 2016 кога Булдогс славеа со (13.11) 89-67 (10.7) и дојдоа до својата прва титула во АФЛ по шеесет и две години. Оттогаш, двете екипи се соочија уште четири пати со половичен учинок од по две победи.
На денешниот натпревар, Сиднеј повторно не успеа да се реваншира т.е. Булдогс беа подобри со (5.9) 39-67 (10.7). Победничкиот тим водеше во текот на цел натпревар уште од втората минута кога капитенот Маркус Бонтемпели постигна бихајнд. Токму Бонтемпели беше најефикасен играч од редовите на Булдогс со вкупно тринаесет поени (2.1). Сепак, на мечот, најмногу поени освои играчот на Сиднеј, Том Папли, кој постигна четири од вкупните петте голови на својот тим, а притоа додаде и два бихајнди за вкупни дваесет и шест поени.
За Булдогс ова беше втора победа сезонава којашто ги искачи на деветтата позиција односно само една позади денешниот соперник. Треба да се земе в предвид дека и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на сите останати конкуренти.



