Милвол, во првиот натпревар по рестартот на сезоната, на домашен терен ја пречека екипата на Дерби Каунти. Натпреварот беше со исклучителна важност и за двете екипи имајќи во предвид дека се борат за пласман во плејофот.
Како победници од овој дуел излегоа „Овните“ од Дерби, кои со 2-3 беа подобри од денешниот ривал. Херојот за „црно-белите“ беше осумнаесетгодишниот Ирец Луј Шибли којшто го забележи својот прв сениорски хет-трик во кариерата. Играчот за врска ги постигна своите голови во 25., 71. и 90. минута. За Милвол, головите ги постигнаа Смит (15′) и Махоуни (90+2′).
Со оваа победа, Дерби се искачи на единаесеттото место со само два поени заостаток, но и натпревар повеќе во однос на шестопласираниот Престон. Од друга страна, Милвол има ист број на поени како и својот денешен соперник, но поради подобрата гол-разлика се наоѓа две места погоре.



