Новото засилување на Вардар српскиот лев бек Марко Вујин ја даде следната изјава:
Вардар е голем клуб, актуелен победник во Лигата на шампиони во ЕХФ. Ме привлече новата приказна предводена од Михајло Михајловски. Голема ракометна енергија се чувствува во Скопје и ме потсетува на многу големи ракометни градови каде што играв како Веспрем и Кил. Тоа најмногу ме привлече, заедно со сериозниот тим што Вардар ќе го има следната сезона. Слушнав се најдобро за работните услови, луѓето и градот. Би сакал да имаме заедно успеси достојни за името на клубот – рече Вујин за Balkan-Handball.com.



