Њукасл Најтс и Бризбејн Бронкос го отворија шестото коло од овогодинешната НРЛ сезона со својот меѓусебен натпревар на „Централ Коуст Стадиум“ во Госфорд.
Њукасл успеа да го добие натпреварот со конечни 27-6, пред сè, по убедливото второ полувреме во коешто направи серија од 14-0.
Единствените поени за Бризбејн ги постигнаа Коутс, со одличниот есеј постигнат по пресечено додавање, односно Фернворт со успешната конверзија.
За Њукасл, по еден есеј постигнаа Ман, Хант, Саифити и Пирс, а Понга и Пирс додадоа четири конверзии и еден пенал односно еден дроп-гол.
Бризбејн со овој пораз дополнително ја влоши својата серија. Имено, Бронкос немаат ниту една победа по рестартот на сезоната и моментално ја заземаат дванаесеттата позиција. Од друга страна, „Витезите“ се второпласирани со учинок од 4-1-1 и натпревар повеќе во однос на конкурентите.



