Според пишувањата и најавите на германските медиуми тимот на Кајзерслаутерн ќе поднесе барање до судот за стечај поради големите долгови. Клубот сега се натпреварува во трета лига, а има 120 годишна историја на постоење, каде што четири пати беше бундеслигашки шампион во сезоните: 1951, 1953, 1991 и 1998, при тоа има и два освоени купа и еден супер куп во Германија.
Кајзерсалутерн има долгови од 24 милиони евра, а во најкус можен рок мора да обезбеди лиценца и да плати 15 милиони евра како би можеле да ја завршат натпреварувачката сезона.
Клубот сеуште нема ниту спонзор ниту поедин бизнисмен кој би помогнал клубот да се стабилизира, а тоа значи дека култниот и познат Кајзерслаутерн полн со историја, успеси, трофеи и производство на големи фудбалски ѕвезди ќе мора да банкротира, да прогласи стечај и да падне во аматерски ранг и да почне одново.



