Маркус Рашфорд се трансформира во европска фудбалска ѕвезда и е главен играч на Манчестер Јунајтед. Во јавност излезе екс фудбалер од Гана, Микел Боје Маркел и тврди дека е биолошки татко на познатиот фудбалер.
Боје сега живее во Англија и за ,,Star FM” изјави дека пред 22-години имал врска со мајката на младиот фудбалер и дека е тој негов биолошки татко, при тоа кажа дека Маркус знае и на почетокот бил лут и мислел дека бил напуштен. Инаку фудбалерот е сконцентриран на продолжетокот на сезоната и остварување на амбициите.



