Елиф Елмас доби стартно место во реванш полуфиналето од купот на Италија против Интер и одигра 65 минути кога Џенаро Гатузо го замени со Фабиан Руиз. Македонскиот репрезентативец беше експониран во многу ситуации и одговори на задачите кои му ги додели стручниот штаб. Натпреварот заврши со реми од 1:1.
Веднаш на стартот веќе во втора минута директно од корнер Ериксен постигна гол за водство од 0:1. Израмнувањето го донесе Мертенс во финишот на првиот дел и овој резултат остана конечен по завршувањето на средбата.
Со вкупен резултат од 2:1, бидејќи Наполи триумфира во Милано со минимална победа оди во финале и ќе се борат за трофејот против тимот на Јувентус. Елиф Елмас во деби сезоната за наполитанците добива можност да се закити со голем трофеј.



