Францускиот репрезентативец и член на Челзи, Нголо Канте ова лето е голема веројатноста да го засили тимот на Реал Мадрид. Кралевите се спремни да издвојат 80 милиони евра како би го довеле во својот ростер.
Канте игра четири години во Лондон, при тоа со сините освои три трофеи, а претходно беше сензационален шампион со Лестер Сити. Во Франција играше уште за Каен и Булољ. Канте има 29-години и веќе запиша 164 настапи за Челзи и го очекува нов предизвик во кариерата.



