Стефан Спировски се сели во тимот на АЕК Ларнака во Кипар. По Иван Тричковски и Даниел Мојсов, Стефан Спировски ќе биде третиот Македонец во екипата на АЕК Ларнака.
АЕК Ларнака на својата страна потврди дека Стефан Спировски е нивното ново засилување.
Спировски во кариерата настапуваше за Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Работнички, Вардар , Борац Чачак и Пелистер.



