Првиот денешен натпревар од четвртото колово овогодинешната НРЛ сезона го одиграа Пенрит Пантерс и Нов Зеланд Вориорс.
Домаќините на овој натпревар, на „Кемпбелтаун Стадиум“ во Сиднеј, славеа со убедливи 26-0 и му го нанесоа третиот овосезонски пораз на Нов Зеланд.
Резултатот на полувремето беше 16-0, а сите поени за победничкиот тим ги постигнаа Бартон (х2), Луаи, Мансур и Барнс преку есеј односно Крајхтон преку три успешни конверзии.
Со оваа победа, Пенрит изби на првото место, но има натпревар повеќе во однос на најблиските конкуренти, Парамата Илс и Канбера Реидерс, додека Нов Зеланд е на дванаесеттата позиција со само една победа од четири натпревари.
Хајлајтс од натпреварот можете да најдете на следниот линк: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-panthers-v-warriors-1068888/



