Одличниот играч од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез кој изминативе шест сезони го носи дресот на ,,Јорганџиите” објави вест на твитер дека за три дена ќе се знае неговиот нов клуб во кариерата. Во игра беа двата клуба од Манчестер, но според тоа што Нигез на твитер го следи Манчестер Јунајтед како и најдобрите фудбалери сепак се очекува да го облече црвениот дрес.




