Борусија Менхенгладбах, во 29. коло од германската Бундеслига, ги одмери силите со новајлијата – Унион Берлин. Домаќините на својот „Борусија-Парк“ успеаја да стигнат до убедлива победа од 4-1 и да избијат на третото место на табелата.
На полувремето, резултатот гласеше 2-0 во корист на Менхенгладбах благодарение на головите на Флоријан Нојхаус (17′) и Маркус Турам (41′). Пет минути по стартот на второто полувреме, Унион го постигна својот единствен гол на мечот преку Себастијан Андерсон.
До крајот, францускиот тандем на Борусија, составен од Маркус Турам и Аласан Плеа, со два постигнати погодоци, ја завери победата.
По овој натпревар, Борусија Менхенгладбах изби на третата позиција, додека Унион Берлин го запиша петтиот пораз на последните шест натпревари и падна на позицијата број четиринаесет.



