Првиот денешен натпревар од третото коло на овогодинешната НРЛ сезона го одиграа Пенрит Пантерс и Њукасл Најтс. „Пантерите“ добро го отворија дуелот со серија од 14-0 после половина час игра со есеите на Кикау и Кејпвел односно двете конверзии и успешниот пенал на Крихтон.
Во последната минута од првиот дел, Њукасл ја намали предноста на 14-6 благодарение на полниот есеј на Саифити и Хој. Во второто полувреме, исклучиво гостите постигнаа поени и тоа преку двата есеи на Бест. Натпреварот заврши со 14-14 по регуларните осумдесет минути игра, а резултатот остана непроменет дури и после десетминутното продолжение. Двете екипи имаа одлични шанси за постигнување на победоносни поени, но истите не беа искористени.
Ова е прво реми во НРЛ после 13 јуни 2019, кога Бризбејн Бронкос и Нов Зеланд Вориорс ремизираа со 18-18, во рамките на седумнаесеттото коло од минатата сезона.
По овој натпревар и двете екипи останаа непоразени во тековниот дел од сезоната и се наоѓаат на третата односно четвртата позиција со по пет освоени поени.



