Вториот денешен натпревар односно третиот од третото коло во овогодинешната НРЛ сезона беше помеѓу екипите кои го сочинуваат најстарото дерби во лигата – Сиднеј Рустерс и Саут Сиднеј Рабитохс. Двете екипи се основани во 1908, а ривалството датира уште од самите почетоци со кулминација во педесетите години на минатиот век.
На денешниот натпревар, Сиднеј Рустерс славеа со 28-12 благодарение на својата добра одбрана. Поените за победничкиот тим ги постигнаа Тупу, Фланаган, Тедеско, Корднер и Френд со по еден постигнат есеј односно Фланаган со дополнителни четири успешни конверзии.
Рабитохс успеаја да запишат два есеи кои беа дело на Мареј и Бурџис, а двете конверзии успешно ги претвори Рејнолдс.
Благодарение на денешната победа, Сиднеј Рустерс ги запишаа своите први поени во сезоната, додека Рабитохс го претрпеа вториот пораз во низа.



