Наташа Коцевска поранешната Македонска репрезентативка и ракометарка на Кометал Ѓорче Петров која во моментов живее во Германија специјално за порталот www.javisejuzna.mk даде своја порака за целата ситуација како ги поминува деновите додека трае кризата со вирусот Ковид-19 и како таа се труди да допринесе на општеството со своето одговорно однесување : “Искрено многу сум разочарана од тоа каква е ситуацијата во Македонија и мислам без разлика што јас да кажам, тоа нема никого да допре. Секој треба конечно да стане свесен дека не се работи само за себе, туку се работи за оние што немаат имунитет да се справат со вирусот, за целиот медицински персонал кој во Македонија ја нема неопходната заштитна опрема. А медицинските лица се оние “on the front line” кои ќе ја дадат потребната помош на секој што ќе се зарази со вирусот. Почитувајте ги!!!
Јас не сум била во ресторан, кафич, кино или театар скоро 3 месеци. А и не ми ни фали тоа, зашто и дома можам да го имам истото. Се зависи од тоа колку можеш сам со себе.
Јас сама си го спремам омиленото јадење, го пијам омиленото вино, понекогаш си правам и по некој коктел, кој со добра музика на тераса ми го дава истиот “feeling” како да сум во некој Beach Bar. Имам Amazon Prime, Netflix, Apple TV+ па со домашни пуканки го имам и киното дома. А мојот партнер ми е доволен за друштво. Дома вежбам да останам во форма а за време на викенд знам понекогаш да возам Mountainbike за малку да се издувам.
Ако сакате да ги поддржите угостителите, донирајте ги парите за кафето, пивцето или 10ка со кромид на ваштиот омилен локал и останете дома. На тој начин ги заштитувате сите горе наведени личности а и самите себе.”



