Се случи историски момент во Бундеслига 2, бидејќи Сандхаузен на гостувањето против Вехен стигна до триумф од 0:1 и сега со новите три бода избегаа од опасната зона за испаѓање. Сепак главната вест е што победничкиот гол го постигна капитенот на Сандхаузен, Денис Дикмаер, а ова за него беше прв гол во кариерата по 11 години пауза.
Дикмаер потекнува од школата на Хамбургер, а постот му траеше цели 277 меча. Во изминативе 203 бундеслигашки натпревари за Хамбургер и Нинберг, како и 59 настапи во Бундес лига 2 за Сандхаузен, 15 натпревари во третата лига за Вердер 2, но и на 10 натпревари во купот 30-годишниот играч конечно постигна прв професионален погодок.



