Kвалитетен стручен кадар е фундамент во создавање на добри македонски играчи. За остварување на оваа идеја врз која се темели основањето на ракометниот клуб „Голден Арт КЛ 7″ , во стручниот тим на клубот влегуваат две имиња кои имаат искуство како се станува европски шампион.
Во професионалното зреење на клубот кој од следната сезона ќе го има своето суперлигашко деби ќе бидат ангажирани Димитар Маневски и Билјана Црвенкоска . И двајцата се со големо искуство секој во своето поле на дејствување. Маневски е дипломиран стручен физиотерапевт со специјалност кинезитерапија. Својата работа официјално ја започнува во фудбалски клубови продолжувајќи во ракометот.
Димитар е дел и од ракометната репрезентација на Македонија а во јавноста е познат како професионалец за пример. Неговиот ангажман ќе биде грижа за здравствениот биланс на ракометарите, присуство на тренинзи и натрпеварувања, давање насоки и инструкции на ракометарите, работа со повредени играчи, учество во рехабилитација заедно со целокупниот докторски тим, припрема за тренажен процес и превенција од повреди.
Билјана Црвенкоска 20 години беше активна ракометарка, репрезентативка, освојувач на лигата на шампиони како дел од стручен тим. Таа ја има највисоката македонска тренерска лиценца, професор е по физичка активност, спорт и фитнес администрација/менаџмент. Силен професионалец кој има сестрана спортска едукација со најголем акцент на ракометот. Нејзиниот ангажман во Голден Арт КЛ7 ќе биде главен тренер на младинска и кадетска екипа како и помошник тренер на Андов Бошковски во првиот тим.
Фото и извор: http://kl7.mk/



