Играчите на велшкиот тим Конах’с Квеј Номадс, по првпат во клупската историја дојдоа до титулата во првата велшка фудбалска лига. Тимот од гратчето Конах’с Квеј, близу до границата со Англија, беа првопласирани после дваесет и шест одиграни натпревари од предвидените триесет и два. Сезоната, исто како и во другите европски лиги, беше прекината поради настанатата пандемија, а деновиве беше донесена официјалната одлука за прогласување на новиот шампион.
Имено, после првиот дел од сезоната, Номадс беа второпласирани со четири поени заостаток зад ТНС, но во втората фаза, не само што го надоместија заостатоткот, туку и стекнаа предност од четири поени во однос на истиот ривал.
Сепак, мерките не препорачуваат собирање на луѓе во поголеми групи, па членовите на новиот велшки шампион решија да ја прослават титулата виртуелно, организирајќи заеднички „состанок“ на платформата „Зум“.
Сите голови од шампионската сезона на Конах’с Квеј Номадс, можете да ги видите во прилог:



