Битола денес е маратонска приказна за Игор МС Јакимовски. Игор по најавите така и го исполни своето ветување и го истрча маратонот за 2 часа и 47 минути.
Стартуваше во 6 часот утрово и трча кон граничниот премин Меџитлија и назад и напред до 42.195км. Склопувањето на коцките во мозаикот наречен маратон, најтешката атлетска дисциплина е многу комплициран, долг и тежок процес. Во неговата кариера истрчал вкупно 34 маратони од кои 7 домашни и 27 меѓународни вкупно на 3 континенти.
Доживеал победи, одлични пласмани, награди, но исто така и откажувања, колапс, крварење, губење свест, одење во сред маратон и тонење во жив песок. Секој маратон е посебна приказна и совршена дефиниција за терминот НАУЧЕНА ЛЕКЦИЈА.

Сега, Игор се подготвуваше цел месец за овој настан со вкупно поминати околу 650 км за 30 дена. Одработи и еден личен тест на полумаратон и го постави како што тој вели “лудиот предизвик”.

Сликите и видеото се превземени од личниот профил на Игор МС Јакимовски.



