Чешкиот хокеар , Јакуб Крејчик, вчера потпиша двегодишен договор со финскиот претставник во КХЛ – Јокерит Хелсинки.
28-годишниот одбранбен играч, во својата кариера, настапуваше за Славија Прага, Лех Прага, Спарта Прага, Оребро, Медвешчак Загреб, Комета Брно, Луко и Карпат.
Минатата сезона ја помина токму во последниот горенаведен тим за којшто, на 44 натпревари, забележа 30 поени со индекс од +29. Исто така, минатата година, Крејчик беше избран и во Ол-Стар тимот на финската Лиига.
За чешкиот хокеар, ова ќе биде второ искуство во КХЛ. Во сезоната 2016/17, во дресот на Медвешчак, забележа 48 натпревари и 16 поени.



