НРЛ е акронимот на националната рагби лига на Австралија во којашто се натпреваруваат шеснаесет рагби лиг тимови од најмалиот континент (вклучувајќи го и Нов Зеланд). Како и сите други спортски настани, така и оваа лига беше прекината поради пандемијата од Коронавирусот.
Одиграни беа само првите две кола, од предвидените дваесет и четири, од регуларниот дел на сезоната, но без публика. Датумот за продолжување на сезоната е 28 мај, а наместо дваесет и четири, регуларната сезона ќе опфати дваесет кола.
Денес беше донесена и официјалната одлука за датумот на којшто ќе се одигра големото финале. Првично, најважниот натпревар беше планиран на 4 октомври, а новиот датум ќе биде 25 октомври.



