Легендарниот италијански мотоциклист, Валентино Роси, проговори во врска со крајот на својата МотоГП кариера. ,,Докторот”, на вчерашниот онлајн разговор организиран од ,,Јамаха”, се огласи:
,,Во тешка ситуација сум. Мојата прва опција е да се обидам да продолжам, имам мотивација, но важно е да го сфатам и моето ниво на компетентност. Би имал потреба од пет-шест трки за да сфатам дали можам уште да возам брзо, но ќе треба да одлучам пред да се вратам на патеката.”
Имено, 41-годишниот Роси е седумкратен шампион во МотоГП категоријата каде што вози од 2000 година, а последната титула ја освои во сезоната 2009.



