На денешен ден (25 април) во 2010 година, се одигра финалето на АБА Лигата во „Арена Загреб“ во Хрватска. На паркетот, силите ги одмерија Партизан и Цибона. Партизан славеше со 74-75 после продолжение, пред сè, благодарение на тројката на Душан Кецман постигната со звукот на сирената. Кецман го упати шутот кон противничкиот кош на 0,6 секунди до крајот и му ја донесе четвртата последователна титула на Партизан во ова натпреварување.
По натпреварот, овој потег на Кецман беше главна вест низ европските медиуми. Неговиот шут наиде и на доста контроверзни ситуации. Имено, управата на Цибона упати жалба до челниците на АБА, но истата беше одбиена со образложение дека не е основана.
По четвртини, резултатот изнесуваше 14-15, 17-16, 13-13 и 16-16 за конечни 60-60 после регуларниот дел.
Кошаркарите на Партизан беа предводени од легендарниот Душко Вујошевиќ, а во составот беа: Лоренс Робертс, Стефан Синовец, Лестер Бо МекКејлеб, Душан Кецман, Страхиња Милошевиќ, Алкесандар Рашиќ, Александар Митровиќ, Петар Божиќ, Александар Мариќ, Јан Весели, Бранислав Ѓекиќ и Славко Вранеш.
За Цибона настапуваа: Горан Врбанц, Џамонт Гордон, Бојан Богдановиќ, Тони Брнас, Роберт Троха, Леон Радошевиќ, Ведран Вукушиќ, Лукша Андриќ, Далибор Багариќ, Томислав Зубчиќ, Само Удрих и Марко Томас. Тренер на екипата беше Велимир Перасовиќ.



