Поранешниот селектор на Македонија и пред се трофеен тренер, Јорданчо Давитков, по шест минати сезони во Кадсија од Кувајт и тоа во два наврати најпрвин од 2008 – 2011 и потоа од 2017 – 2020 година Јорданчо Давитков освои седум шампионски титули, четири шампионски титули во првенството, две титули во купот и една титула во интернационалниот шампионат во заливскиот куп се збогуваше со навивачите, кошаркарите, раководството и персоналот од клубот и ја заврши својата успешна епизода на Блискиот Исток.



