Одличната 15-годишна фудбалерка на ЖФК АСС Јунајтед од Струга, Кристина Мојсоска која игра во нападот, а при тоа има и физички предиспозиции и да одговори и на позициите во средината на теренот со својата игра и талент претставува светла иднина за женскиот фудбал во Македонија.
Младата охриѓанка на најдобар начин го презентира својот град, клуб како и репрезентацијата. Таа има настапи за У-15 и У-17 селекцијата на Македонија каде што е лидер на генерацијата, а освен тоа има и еден повик за У-19.
Во прилог на горенаведеното следува видео од нејзините најдобри моменти, блескави потези и навремени асистенции, точни дијагонали и ефективни погодоци.



