Официјално првиот фудбалски шампионат е завршен. Се работи за белгиската Јупилер прва лига каде што шампион е тимот на Клуб Бриж.
Освен што е познат шампионот, се одлучи тимот на Гент да игра во Лига на шампиони, ниедна екипа нема да испадне, а два тима од Втора лига ќе се преселат во Прва лига.



