Карло Анчелоти менаџерот на Евертон размислува веќе за следната сезона и посакува тимот од ,,Гудисон Парк” да се бори за висок пласман.
За таа цел италијанскиот стручњак доставил предлог за засилувања кои би помогнале тимот да се крене на едно повисоко ниво. Анчелоти од управата на тимот ги предложил за засилувања фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл и играчот на Јувентус Арон Ремзи и двајцата велшки репрезентативци.
Бејл се поретко добива минутажа во кралскиот клуб, додека Ремзи не се адаптира на италијанскиот стил на игра. Ако овие засилувања навистина се реализираат тогаш ,,Карамелите” ќе бидат претенденти за висок пласман и сериозен премиерлигашки ривал за секоја екипа.



