Рахим Стерлинг во 2015 година од тимот на Ливерпул направи спектакуларен трансфер во Манчестер Сити и фановите на црвените од Енфилд никогаш не му го опростија ,,Предавството” и му свират на терен при секоја прилика.
Сепак по толку многу време агентот на фудбалерот најавува можност неговиот клиент повторно да се врати во стариот тим и вели дека поминале толку години каде што раните се веќе залечени и дека Стерлинг повторно може да си го најде своето место во Ливерпул.
Од друга страна голем број на фанови го контактирале на Стерлинг на социјалните мрежи и го прашале за можноста да се врати во црвениот дрес. Стерлинг им одговорил дека Ливерпул му е сеуште во срцето го почитува тимот и самиот посакува да се врати во клубот.
Сепак менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп според неговите согледувања Рахим Стерлинг не е во неговите планови, затоа што преферира место него да се засили со профили на играчи како што се Тимо Вернер од Ред Бул Лајпцинг или Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.



