Фудбалските школи од цела Македонија се обединија се со една цел излегување од кризата и застојот на функционирањето на школите и тренинзите поради Ковид-19 вирусот.
Тие во заеднички глас потенцираат дека не е нивна вината во која што моментално се наоѓаат и дека бараат помош од институциите како и од ФФМ и од Агенцијата за Млади и Спорт состанок (може и линковски) се со цел да предложат и самите мерки за што полесно пребродување на оваа настаната ситуација. До нашиот медиум ни испратија клубовите (школите) соопштение кое во целост ви го презентираме, а тоа е следново:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА:
Фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории, односно тренерите и останатите лица кои помагаат во клубовите сакаат да ја известат јавноста за следното:
Откако стапија во сила мерките на владата во врска со пандемијата COVID – 19, имаме забрана за вршење на нашата дејност односно спортски тренинзи, која сите до еден од фудбалските клубови доследно ја почитуваме. Тоа директно ги засега тренерите во клубовите затоа што остануваат без работа и без финансиски средства за егзистенција.
Напоменуваме дека во тренажниот процес се вклучени 6000 фудбалерчиња на возраст од 7 – 15 години, кои што се регистрирани во COMET системот на ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА под капата на УЕФА И ФИФА.
Со цел решавање на настанатата ситуација без наша вина, и изнаоѓање решение, бараме итен состанок ( може и линковски ) на нашите претставници и претставниците на ФФМ и Агенција за млади и спорт.
Напоменуваме дека работата со деца во фудбалот и воопшто во спортот е многу хумана и благородна работа, но воедно и многу одговорна, тешка и слабо платена во нормални услови.
Исто така ве известуваме дека секој од нас писмено и електронски веќе има доставено барања до двете институции. Имаме конкретни предлози и критериуми и се надеваме дека ФФМ И Агенцијата за млади и спорт ќе го уважи нашето барање за состанок.
Ја поздравуваме македонската фудбалска и спортска јавност, со надеж дека што поскоро ќе се затркала топката на фудбалските терени. Со почит : ФK Ла Масиа, ФК Академија Постолов – Пандев, ФК Кул Здравје, ФК Њу Старс, ФК ЛГ Спорт, ФК Спорт ефе – Вардар, ФК ОСК Фер плеј, ФК Јанг Тим, ФК Фудбал кидс, ФК Охрид топ тим, ФК Еврофудбал 2, ФК Драчево јуниор, ГФК Неготино, ФК Дрим тим, ФК Нова Колонија, ФК Форца – Вардар, ФК Тиквеш, ФК Звезда 2015, ФК Рудар јуниор, ФК Професионал, ФК Фц Копенхаген, ФК Виктори 2017, ФК Олимпик Старс, ФК Карев, ФК Академија Младост – Тошев, ФК Кичево, ЖФК Атлетико, ФК Фудбал Старс, ФК Форца, ФК Форца – Штип, ФК Ускана, ФК Талент, ФК Глас Оризара – 2017, ФК Академија Нацев, ФК Каменица – САСА, ФК Лепенец, ФК Тони, ФК Борец Јуниор, ФК Еуро спорт, ФК Камјани, ФК Арсими, ФК Мал Ајакс, ФК Фит Кид, ФК Топ Гол.



