Неодамна, англиската фудбалска асоцијација (ФА), заради пандемијата од Коронавирусот, соопшти дека сите лиги од петтата надолу ќе бидат поништени односно ќе се смета како воопшто да не се одиграле.
Како што е епилогот од секоја одлука, така и од оваа имаше задоволни и незадоволни екипи. Над сто тимови, на коишто не им оди во прилог ваквата одлука, испратиле писма до ФА наведувајќи им на челниците повторно да размислат убаво за дали да ја поништат сезоната.
Неофицијално, ФА донела одлука, првите четири да се доиграат штом ќе биде возможно, макар и пред празни трибини.
Имено, од аматерските лиги, голем број на клубови се соочуваат со финансиски проблеми. Неодамнешниот член на четвртата лига кој моментално се натпреварува во петтата, Барнет ФК, се соочува со најголеми проблеми и месечни загуби од над сто илјади фунти. Поради таа цел, одговорните сакаа да ги отпуштат вработените за да избегнат дополнителни трошоци. Спас за овој клуб понуди нивниот поранешен член на акадамијата, Џамал Лоув, кој изминатото лето се пресели од Портсмут во Виган. Исто така, речиси сите клубови донесоа одлука да ги намалат платите на своите фудбалери.
Големи губитници од поништувањето на сезоната излегоа Бероу, Јорк и Кинг’с Лин. Бероу е првопласиран во петтата лига и поради својата доминантна игра со додавања, неодамна го доби прекарот Бероуселона. Јорк и Кинг’с Лин се двете првопласирани екипи во северниот дел на шестата лига кои исто така имаа огромни шанси за промоција.
Сепак, дефинитивно најголемите губитници се Воксхал Моторс и Џерси Булс. Овие две екипи се натпреваруваат во различни дивизии на десеттата лига, а веќе не само што осигураа промоција, туку ја осигураа и титулата.



