понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Фудбал: Необично ривалство, четка за заби, Тромзо и Бодо/Глимт

Епов Насе ✏️ Епов Насе
март 22, 2020
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Норвешка е позната по доминацијата во зимските спортови, но оваа скандинавска земја има исклучително страствени навивачи и кога е во прашање фудбалот. Фудбалот претежно се игра во јужниот дел на државата, но ситуацијата е поинтересна на северот каде што, до изминатата сезона, беше присутен и најсеверниот прволигашки клуб во светот – Тромзо ИЛ. Најблизок прволигашки ривал на Тромзо беше Бодо/Глимт. Минатата сезона, Тромзо заврши како претпоследна екипа во Елитесериен и на гол-разлика доживеа релегација.

Имено, Тромзо е клуб кој е основан во 1920, а потекнува од истоимениот град што брои нешто помалку од 80 илјади жители. Ова населено место се наоѓа на мал остров кој е поврзан со мостови до најблиското копно, а зимата трае и по цели шест месеци. Токму заради временските услови, на „Алфхајм Стадиум“, во 2005 била поставена вештачка трева и подно греење. Поради географската местоположба, во минатото, Тромзо играл од четири до осум врзани гостински натпревари за да се намалат патните трошоци, а денес фудбалерите патуваат со авиони. Тромзо, во својата историја, двапати го освоил Норвешкиот куп (1986 и 1996), а во 2016 играше Лига Европа каде во групата беше ривал со Тотенхем, Анжи Махачкала и Шериф Тираспол.

Од друга страна, Бодо/Глимт е основан во 1916 година во гратчето Бодо што се наоѓа на 530 километри од Тромзо. Првично тимот е основан само под името Глимт, а во дваесеттите години на минатиот век, заради финансиски проблеми направил фузија со локалниот средношколски фудбалски клуб по име Бодо. Само една деценија подоцна, Бодо почнал да привлекува играчи и тренери од јужниот дел на Норвешка што му помогнало да стане еден од водечките клубови во државата. Бодо/Глимт е деветкратен освојувач на Северниот норвешки шампионат, двократен освојувач на купот и еднократен шампион на втората лига. Во Елитесериен, сè уште е без титула, но во четири наврати бил вицешампион од кои последниот пат датира од 2019.

Меѓусебното ривалство:
Тромзо и Бодо/Глимт се единствените клубови од северна Норвешка што се натпреваруваат на професионално ниво (барем до минатата сезона). Нивните меѓусебни дуели биле сведоци на неколку несекојдневни сцени. Имено, во 1970-ите, на еден меѓусебен натпревар, навивачите на Бодо/Глимт биле толку несинхронизирани што нивниот водач морало да се справи со ваквата ситуација. Еден навивач му понудил четка за заби од брендот „Џордан“, а водачот ја искористил истата како диригентска палка. По крајот на натпреварот, познатата фирма им поклонила гигантска четка за заби.
Навивачите на Тромзо важат за едни од најлудите во Норвешка. Имено, во деведесетите години, биле спремни да жртвуваат коза за да избегнат релегација и да ја тргнат клетвата. Исто така, овие навивачи се познати по тоа што фрлаат снежни топки кон противничките играчи и противничките поддржувачи за време на натпреварите.

Голема благодарност до Синдре Бенјамин Гранберг, локален жител и навивач на Тромзо, кој екслкузивно ни ги раскажа овие анегдоти поврзани со двата клубови. 

Tags: Бодо/ГлимтНорвешкаТромзоФудбал
Share38Tweet
Претходна вест

(ЕКСКЛУЗИВНО) АФЛ официјално ќе се одложи, непозната судбината на НРЛ

Следна вест

(Видео) Миле “Преспав” смешни моменти

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

(Видео) Миле "Преспав" смешни моменти

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.