Дербито на првото коло од новата АФЛ сезона го одиграа екипите на Грејтер Вестерн Сиднеј Џајантс и Џилонг Кетс. ГВС се актуелни вицешампиони, додека Џилонг ја завршија минатата сезона на првото место во регуларниот дел, но загубија во полуфиналето од Ричмонд.
На овој меч, ГВС имаа целосна контрола на натпреварот и цело време беа во резултатска позитива. На крај успеаја да слават со (17.3) 105-73 (11.7) и со победа да ја започнат новата сезона. Најефикасните играчи беа од редовите на тимот од западен Сиднеј односно Тоби Грини и Хари Периман со по четири голови.



