Теона и Тиана Вучева фудбалерките на ЖФК Атлетико и ученички во Гимназијата Јосип Броз Тито од Битола нацртаа портрети поклон за фудбалерот Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед.
Битолчанецот Игор Велјановски, кој работи во Англија и е близок пријател со Немања Матиќ ги предал поклоните. Немања Матиќ бил презадоволен и ги поканил фудбалерките да присуствуваат на натпревар на Манчестер Јунајтед.



