Во отсуство на фудбалските натпревари, голем дел од симпатизерите на фудбалот останаа со неисполнети задоволства. Токму оваа причина беше пресудна за покренување нова интересна иницијатива од страна на Лејтон Ориент. Имено, лондонскиот тим организира професионален турнир во играта „ФИФА 20“ каде што ќе учествуваат 128 фудбалски тимови од неколку различни земји. Дел од учесниците се Астон Вила, АЗ Алкмар, Бенфика, Бирмингем, Дерби Каунти, Кристал Палас, Евертон, Башакшехир, Мидтјиланд, Фиорентина, Хиберниан, Манчестер Сити и многу други.
Ждрепките за овој турнир ќе бидат организирани во вторник (17 март).



