,,Знам дека многумина ќе речат – Гвардиола освои се, кој е Бруно да се однесува така?, но јас велам дека се работи за основно почитување. Сега кога не сум на теренот, не би го направил истото, но во тие моменти неговите зборови ме разбеснеа, а јас сум секогаш нервозен на теренот. Јас го почитувам Пеп и се тоа што го направил во кариерата, но во тој момент тој не ме почитуваше и не заслужи подобар третман” – изјави Бруно Фернандес за Пеп Гвардиола за препирката помеѓу нив двајца на дербито.



